ПОВЕЌЕ ОД КЕТЕРИНГ

Комплетна кетеринг услуга со храна, пијалаци, опрема и персонал за послужување без оглед на бројот на гости, видот и местото на прославата низ цела Македонија. Подготвени сме да опслужиме големи настани на отворено, мали прослави во домашен амбиент или во бизнис опкружување.Произведуваме богат гастрономски асортиман на квалитетни и добро балансирани оброци за вработените на компаниите. Благодарение на искусниот тим и високите стандарди, испорачуваме услуги кои се повеќе од кетеринг и нè прават експерти во оваа индустрија.

Индустриски
кетеринг

Комерцијален
кетеринг

Организација
на настани

Беспрекорен квалитет на послужување
Исклучително значаен дел од нашето работење го чини услужниот сегмент на соработка со деловните субјекти, странски и домашни компании, за кои на дневно ниво испорачуваме голема палета на добро балансирани појадоци, ручеци и десерти кои ги задоволуваат нутритивните потреби и ја поттикнуваат енергијата на вработените да се справат со дневните активности и работни задачи. Нашиот персонал во кантините на компаниите, на брз и ефикасен начин и во пријатна атмосфера ги опслужуваат вработените со богати и свежи оброци од домашната и интернационална кујна.

Префинети залчиња полни љубов
Современиот кетеринг денес е многу повеќе од подготовка на храна. Денес кетерингот го сочинуваат широк спектар на услуги, кои во ЛЛ Кетеринг резултираат со производи со беспрекорен квалитет, врвна услуга и стручни совети. Без разлика дали станува збор за утринска средба, бизнис ручек, коктел забавa, промотивен или корпоративен настан, роденден, домашна прослава, свадба нашите кетеринзи креирани со емоција сигурно ќе ги импресионираат гостите, а вас ќе ве направат среќни. Сите наши вработени со својата вештина, посветеност и напорна работа ја одразуваат главната вредност на ЛЛ Кетеринг за квалитетна услуга со насмевка.

Страст за секој детаљ
Дозволете ни да ви помогнеме да го испланирате, организирате и реализирате вашиот совршен настан. Секој настан е посебен, може да се разликува по бројот на гости, големината на просторот или темата на настанот. Без разлика дали планирате конференција, службен состанок, гала вечера, тимбилдинг или било кој друг приватен или деловен настан, ЛЛ Кетеринг ќе ви помогне да ја организирате секоја фаза, од планирање и осмислување на концептот, преку логистика, до реализација на сите аспекти на настанот, изнаоѓање на соодветно место и грижа за деталите на забавата, декорацијата, музиката и многу повеќе. Сите членови на нашиот персонал се високо обучени, флексибилни, информирани и над сè страствени за секој детаљ.