мисија

Нашата основна задача е да ги направиме луѓето среќни во моментите на нивните значајни прослави и свечености преку испорака на богата палета производи и услуги подготвени и испорачани од посветен тим кој работи со огромна љубов. Како регионални лидери во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна, континуирано инсистираме на квалитет во секој аспект од нашето работење, без разлика дали се работи за квалитет на нашите услуги, за квалитет во односите со клиентите или за квалитет во нашето размислување. Трите епитети кои нè опишуваат согласно нашата мисија се врвен, професионален и единствен кетеринг сервис по мерка на различните барања на клиентите. Нашата мисија е да бидеме комплетна кетеринг агенција со богата понуда која ги прави луѓето среќни. Оттука и нашиот слоган ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАС! Со помош на нашата мисија низ годините успеваме да бидеме комплетно подготвени за нашите клиенти надминувајќи ги нивните очекувања, правејќи ги притоа среќни и задоволни.

вредности

Квалитет и безбедност

Врвниот приоритет на нашето работење е да обезбедиме беспрекорно и бескомпромисно безбедна храна

Грижа за вработените

Нашите цели ги остваруваме чесно, коректно и одговорно, уважувајќи ги правилата на етиката кои ги наложува нашата професија

Страст кон храната

Секое залче храна произведено кај нас е подготвено со огромно внимание и голема љубов. Нашето големо семејство го спојува и зближува големата страст кон храната. Готвејќи споделуваме љубов.

Морал и етика

Имплементирани во секојдневното работење преку одговорност и несебичност. Почитување на секој поединец преку коректен и љубезен однос, без оглед на тоа дали е наш вработен или е наш клиент. Нашите цели ги остваруваме чесно, коректно и одговорно, уважувајќи ги правилата на етиката кои ги наложува нашата професија.

Испорака на ветеното и малку повеќе од тоа

Секогаш го правиме она што ќе кажеме дека ќе го направиме и го надградуваме со дополнително додадена вредност.

Точност и навременост

Наша одлика во секоја комуникација и процес е навременоста.

Одржување систем на функционирање кој ги восхитува клиентите, а вработените ги чини горделиви

  • Посветеност
  • Сигурност
  • Професионалност
  • Позитивно размислување и Иницијативност
  • Доверба

Отвореност кон промени и нови предизвици

Нашата намера е да бидеме кетеринг компанија со голема визија која ќе спроведува развојни бизнис чекори со големи размери кои ќе креираат промени на пазарот

Совршеност

Си поставивме цел за континуирано унапредување, планирање на идните активности и негување на екстензивната иновативност и креативност.

Општествена одговорност

Како наш етички стандард и морал, општествено одговорното делување го практикуваме од самиот почеток на постоење како наша инвестиција во благосостојбата на заедницата во која постоиме и делуваме

Лојалност

Високо ја цениме лојалноста и затоа сме лојални партнери со добавувачите, клиентите, и вработените. Лојални сме и во самото работење и услугата

Грижливост

Се гржиме секогаш да постапуваме правилно и одговорно, се грижиме за нашите клиенти, за нашите партнери, за нашите вработени, за заедницата.... се грижиме за тоа да се однесуваме и да правиме добро

општествена одговорност

Вложувањето во квалитетот на животот во општеството во кое компанијата работи, од една страна, и грижата за задоволство на луѓето кои работат во рамки на компанијата, од друга страна, се двата клучни аспекти на општествената одговорност за кои нашата компанија има трајна определба дефинирана во Политика за општествена одговорност.

преземи документ за политика и принципи за општествена