За Нас

ЛЛ Кетеринг е компанија за индустриски и комерцијален кетеринг која успешно работи од 2005 година, брои 160 вработени и има четири кујни од кои две во Скопје, една во Кичево и една во Прилеп. Нашите кујни во рамки на индустрискиот кетеринг испорачуваат околу 5,000 оброци дневно за вработените на повеќе од 14 компании во Македонија. Додека пак кујната за комерцијалниот кетеринг е со капацитет да опслужи околу 2000 гости со храна, пијалак, опрема и персонал и има реализација од околу 700 настани годишно.

Нашата приказна


ПЕТ ЅВЕЗДИ ЗА ВАШАТА ЗАБАВА

Како компанија која постои од 2005 година и има големо искуство зад себе во работата со многу забави и настани како за приватни лица така и за компании, со испораката на комплетната кетеринг услуга која ја нудиме имаме за цел да ги импресионираме не само нашите клиенти туку и нивните гости. Но, не нудејќи им сензационални нешта, туку нудејќи им го токму тоа што им треба. Токму она што го очекуваат како вредност. А тоа е услуга со пет ѕвезди. Зошто? За да се чувствувате убаво! Давањето услуга од пет ѕвезди за клиентите за нас е начин на размислување и делување со кои и храната и услугата ги вршиме со желбата нашите клиенти да се чувствуваат феноменално. Затоа што од она што досега сме го научиле и искусиле е дека секој сака услуга од пет ѕвезди, бидејќи таа придонесува нашите клиенти да се чувствуваат посебни и допадливи, а и ние со нив. Особено кога станува збор за кетеринг услуга. Кога ќе ја добијат услугата од пет ѕвезди нашите клиенти не само што се чувствуваат добро, туку и им раскажуваат на другите за искуството.

Нашата услуга од пет ѕвезди не е на лист хартија заради подобра репутација, туку е реална и практично применлива затоа што според нашиот систем на вредности сите подеднакво заслужуваат високо ниво на услуга. Испораката на услуга од пет ѕвезди за нас е длабоко воспоставена корпоративна вредност. Токму во тоа се состои нашата конкурентна предност. Нашиот тим се раководи од вредноста дека услугата од пет ѕвезди не важи само за престижните и за хотелите со пет ѕвезди, туку за секој наш ценет клиент. И затоа сме секогаш ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАС! А вие за вашите вработени, за вашите клиенти и за вашите пријатели. Затоа што кога за вашиот настан ќе го ангажирате нашиот кетеринг сервис ќе го оставите најдобриот впечаток кај гостите. Услугата од пет ѕвезди е силно воспоставен концепт и позади нашите оброци во рамки на индустрискиот кетеринг.

стани дел од нашиот тим

контакт