Континуирано воведување нови технологии – Предизвик за подoбрување на услугите

Реализиравме инвестиција во 40 нови RIEBER Thermoport – транспортери за храна.

Квалитетот на нашите услуги не само што мора да ги исполни сите стандарди за квалитет пропишани со закон, туку често мора да ги задоволи и строгите стандарди за работење на нашата компанија. Производнството на готвена храна бара имплементација на високи мерки на безбедност и сигурност за секој чекор на извршување на услугата.

Во склоп на нашиот Годишен план на инвестици 2019 за подобрување на нашите услуги, во првото тромесечје од оваа година инвестиравме во нови RIEBER транспортери за храна, производ на светски реномираниот и водечки Rieber GmbH & Co. KG - германски производител на кујнски решенија за професионални кетеринг компании како оператори на храна. Со Rieber термопортите ќе добиеме сто процентна дигитална следливост на храната од моментот на производство во нашата кујна до моментот на нејзиното послужување со што ќе ги постигнеме сите глобални стандарди за квалитет и функционалност.

Придобивките од ова инвестиција за нашите клиенти се јасни: Транспортерите ќе овзможат чување на температурата и свежината на храната од моментот на подготвување до нејзино послужување со само 1.5 °C намалување на температура на час. Новите транспортери функционираат по принцип на вакумско затворање на храната за нејзина заштита и чување на енергијата. Дигитализирани екрани за идентификација на јадењето и сигурносни сензори.

Унапредување на нашите услуги, воведување новитети во работењето, континуирано збогатување на понудата, се цели врз основа на кои ги носиме нашите секојдневни одлуки и инвестициски планови.