„ЛЛ Катеринг“ се вклучи во иницијативата „Ретвитни Оброк“ и даде свој придонес во оваа големата хуманитарна активност во рамки на која веќе 4 години се подарува топол оброк за луѓе кои неможат да си го дозволат.
Водени од нашата компаниска заложба за приклучок кон хуманите мисии со кои целиме да помогнеме на граѓаните со задоволување на основната потреба за топол оброк, а поттикнати од ентузијиастите на иницијативата „Ретвитни оброк“, одлучивме да станеме партнери со овие млади хуманисти кои готвејќи споделуваат љубов токму како и ние во нашето секојдневно работење. Со оваа наша волонтерска акција сакаме да ги претвориме нашите добри намери во добри дела, да бидеме хумани на дело, и со тоа да ѝ помогнеме на најкритичната група наши сограѓани, бездомните лица во нашиот град.
Почетокот на партнерството за споделување храна започна на 9 Март 2019 година и претставува дел од нашата 10 годишна традиција на практикување општествена одговорност: топол оброк за Бојана, оброк за соседството и новогодишен кетеринг за штитениците на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.
Иницијативата се реализира секој сабота во 13 часот зад куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Се надеваме дека бидеме пример и поттик за будење на хуманоста и кај други релевантни субјекти и чинители во нашето општество кои се во можност да помогнат и дадат свој придонес.