„ЛЛ Катеринг“ се вклучи во иницијативата „Ретвитни Оброк“ и даде.. Дознај повеќе
За почеток би ви препорачале дека роденденските прослави дефинитивно не.. Дознај повеќе
Повеќе билки, помалку сол за поголема виталност. Во рамки на.. Дознај повеќе
Нема продукти во Кошничката.
20
Години искуство
ЛЛ Кетеринг е компанија за индустриски и комерцијален кетеринг која успешно работи од 2005 година, брои 260 вработени и има четири кујни од кои две во Скопје, една во Кичево и една во Прилеп. Нашите кујни во рамки на индустрискиот кетеринг испорачуваат околу 10,000 оброци дневно за вработените на повеќе од 15 компании во Македонија. Додека пак кујната за комерцијалниот кетеринг е со капацитет да опслужи околу 3000 гости со храна, пијалак, опрема и персонал и има реализација од околу 800 настани годишно.
Секое залче храна произведено кај нас е подготвено со огромно внимание и голема љубов.
Почитување на секој поединец преку коректен и љубезен однос, без оглед на тоа дали е наш вработен или е наш клиент.
Секогаш го правиме она што ќе кажеме дека ќе го направиме и го надградуваме со дополнително додадена вредност.
Нашата намера е да бидеме кетеринг компанија со голема визија која ќе спроведува развојни бизнис чекори со големи размери.
Си поставивме цел за континуирано унапредување, планирање на идните активности и негување на екстензивната иновативност и креативност.
Како наш етички стандард и морал, општествено одговорното делување го практикуваме од самиот почеток на постоење.
Нашите цели ги остваруваме чесно, коректно и одговорно, уважувајќи ги правилата на етиката кои ги наложува нашата професија.
Високо ја цениме лојалноста и затоа сме лојални партнери со добавувачите, клиентите, и вработените. Лојални сме и во самото работење и услугата.
Се грижиме секогаш да постапуваме правилно и одговорно, се грижиме за нашите клиенти, за нашите партнери, за нашите вработени, за заедницата.
Нашата основна задача е да ги направиме луѓето среќни во моментите на нивните значајни прослави и свечености преку испорака на богата палета производи и услуги подготвени и испорачани од посветен тим кој работи со огромна љубов. Како регионални лидери во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна, континуирано инсистираме на квалитет во секој аспект од нашето работење, без разлика дали се работи за квалитет на нашите услуги, за квалитет во односите со клиентите или за квалитет во нашето размислување.
Трите епитети кои нè опишуваат согласно нашата мисија се врвен, професионален и единствен кетеринг сервис по мерка на различните барања на клиентите. Нашата мисија е да бидеме комплетна кетеринг агенција со богата понуда која ги прави луѓето среќни. Оттука и нашиот слоган ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАС! Со помош на нашата мисија низ годините успеваме да бидеме комплетно подготвени за нашите клиенти надминувајќи ги нивните очекувања, правејќи ги притоа среќни и задоволни.
Искусете го најдоброто во кетерингот со
LL CATERING – каде секој оброк е ремек дело!
Квалитетот и услугите, комбинирани со посветеноста на тимот го претвора секој оброк на нашите вработени како и на нашите гости во моменти на уникатни искуства. Ова само го надополнува нашиот мотив во продолжување на одличната меѓусебна соработка.
Со Парти Сервис Лео сме уште од отворањето на нашата фирма. Ни помогнаа во воспоставувањето стандарди за храна. Нивната флексибилност обезбедува доволно храна за сите вработени дури и кога се ненајавени. Отворени се за забелешки и тука се да ги спроведат.