ПРОЕКТ „ПОМАЛКУ СОЛЕНО-ПОЗДРАВО“

Повеќе билки, помалку сол за поголема виталност. Во рамки на нашиот нов проект кој стартуваше во месец јуни воведовме стратегија за подготовка на храната за нашите клиенти со употреба на зачински билки како замена за готварската сол со цел подобрување на навиките во исхраната и промоција на здравјето. Следејќи ги препораките кои доаѓаат од Светската здравствена организација дека дневната количина на готвaрска сол внесена преку исхраната кај еден возрасен човек не смее да надминува 5 грама дневно, ние во ЛЛ Кетеринг одлучивме преку соодветни нормативи да ја намалиме употребата на готварска сол при подготовка на оброците за 30%. Најновите истражувања велат дека количината на консумирана готварска сол на дневно ниво влијае врз општо-здравствената состојба на луѓето, особено врз мозочните и срцеви заболувања до кои доаѓа како резултат на покачениот крвен притисок кој се доведува во директна врска со прекумерната количина на сол внесена со исхраната. Примарната цел на проектот е да обезбедиме храна за нашите ценети Клиенти која ќе задоволи еден нов здравствен аспект за нејзино подобрување согласно препораките на Светската здравствена организација и согласно нашата определба да бидеме секогаш подготвени за вас! ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!