СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ЛЛ КЕТЕРИНГ: БЕЗДОМНИЦИТЕ СЕ ДЕЛ ОД НАШАТА РЕАЛНОСТ И ПОТРЕБНА ИМ Е ПОМОШ ОД ОПШТЕСТВОТО

Започнувајќи од април 2019 станавме официјален партнер на Црвениот Крст на град Скопје со Проект за донација наменет за поддршка и помош на бездомните лица во рамки на кој ЛЛ Кетеринг ќе донира топол оброк во Пунктот за бездомници во Скопје секоја среда во текот на една година.

Целта на ова донација е да се придонесе во олеснување на одоговорноста на Црвен Крст кон ова население и подобрување на условите за живот. Нашиот приклучок кон веќе воспоставената грижа за нив од страна на Црвениот Крст и неколку невладини здруженија, е со цел да ги збогатиме хуманите услови кои треба да ги почувствуваат овие граѓани, а кои се дел од нашето секојдневие. Во рамки на донацијата ќе бидат вклучени и вработени во компанијата, како социјално одговорни граѓани, кои со различни активности ќе се потрудат да придонесат за најдобро имплементирање на овој проект со кој корисниците ќе почувствуваат дека сè повеќе чинители во општеството мислат на нив и се грижат за нивното добро.

„ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ во Момин Поток е отворен во 2008 година, и веќе 10 години функционира во текот на целата година. Toa е единственото место во главниот град каде бездомните лица добиваат услуги од доктор, социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги. Секој работен ден е отворен за консултација, додека капењето, менувањето на нечистата облека, добивање топол оброк, добивањето на медикаменти, прегледи кај доктор како и вадење на лична документација и ред други активности се реализираат два пати во неделата каде на дневна основа се услужуваат по 60 бездомници. Ја охрабруваме секоја иницијатива на вклучување од страна на поединци, соработници, институции преку која се зајакнува поддршката на ова категорија на лица, а се влијае на општествено одговорно однесување. “- велат од Црвениот Крст на град Скопје.

Бездомништвото е тешко во секој аспект. Да го дадеме сите својот придонес во креирањето хумано општество и да го искористиме капацитетот за општествена солидарност така што ќе го препознаеме бездомништвото како проблем кој ги засега сите граѓани.