WIZ AIR SKOPJE MARATHON 2018

Под мотото „Посветени на целта, подготвении за Вас“, ЛЛ Кетеринг за прв пат со свој тим учествуваше на овогодинешниот Скопски Маратон. Мотивирани од рекреативниот дух за учество на 14то издание на најмасовната и најспортската манифестација, за прв пат бевме дел од рекордниот број учесници, вљубеници во трчањето. Промовирањето на здравиот начин на живот меѓу нашите вработени, поддржувајќи ги иницијативите за хуманост, спорт, забава и дружење, резултираше со голем број на пријавени вработени на Скопскиот Маратон вo мај оваа година. Масовно и во исклучително позитивна атмосфера веруваме во повторно учество кое ќе прерасне во понатамошна традиција. Честитки до сите кои трчаа и дадоа свој придонес на овој спортски настан. Look what’s cooking!